Францускиот Сенат го отфрли планот за укинување на рестриктивните мерки

Од:

Францускиот Сенат го отфрли владиниот план за излез од рестриктивните мерки кои се во сила од 17 март, од помош за најранливата категорија – младите, користењето заштитни маските, делумната невработеност и помошта за фирмите.

По дискусијата сенаторите со 89 гласови „против“, 81 „за“ и 174 „воздржани“ го одбија владиниот план.

„Против“ се изјаснија и сенаторите републиканци, како и социјалистите и комунистите.

Владиниот план беше одобрен минатиот вторник во Националното собрание со 368 гласови „за“, 100 „против“ и 103 „воздржани“.

Овие две гласања, според примената на членот 50-1 од Уставот, имаат симболична вредност и немаат никакво влијание за започнувањето на планот за укинување на ограничувачките мерки, планирано од 11 мај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили