Француската Влада му помага на Ер Франс со седум милијарди евра

Од:

Француската Влада синоќа објави дека со историски „седум милијарди евра“ ќе и помогне на авиокомпанијата Ер Френс, чија флота во голема мерка е приземјена поради забраната за патување поради пандемијата на коронавирусот.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека Владата „ќе одвои четири милијарди евра за спас на националната авиокомпанија“ во форма на гаранции за заем и три милијарди евра во директни заеми.

Владата бара од Ер Франс да ги почитува условите на профитабилност и да работи „еколошки поодржливо“ – да го намали загадувањето, рече министерот.

Тој истакна дека Владата не размислува за национализација на авиокомпанијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили