Француската полиција уапси пет лица кои се подготвувале да заминат за Сирија

Од:

Француската полиција уапси пет лица во регионот на Лион, кои се подготвувале да заминат за Сирија, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според телевизијата БФМТВ, тие се подготвувале да заминат во Сирија, преку Бугарија, за што веќе купиле и автобуски карти.

Операцијата на француската полиција беше спроведена од страна на антитерористичката поддирекција, судската полиција и специјалните сили за интервенција.

Според податоците од Франција има 1.700 џихадисти на фронтовите во Ирак и Сирија, по што следуваат Германија и Велика Британија со по 760, Белгија 460, Босна и Херцеговина 330 и Косово 232.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили