Франција: Русија можеби никогаш нема да ги добие носачите „Мистрал“

Од:

Францускиот министер за одбрана, Жан-Ив ле Дријан изјави дека два воени бродови кои Русија ги нарача можеби никогаш нема да бидат испорачани.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд минатиот месец ја прекина испораката на првиот брод поради тензиите предизвикана со постапките на Русија во Украина. Тоа беше второ пролонгирање на испораката.

Ле Дријан во петокот изјави дека испораката можеби никогаш нема да биде реализирана ако ситуацијата во Украина не се промени.

– Русите тоа мора да го разберат, истакна францускиот министер.

Продажбата на два носачи на хеликоптери би била најголема трансакција во оружје од една земја-членка на НАТО во Русија.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани