Франција: Претрес во домот на министерот за финансии, осомничен за корупција

Од:

Француската полиција извршила претрес во домот на министерот за финансии Оливие Дисоп, кој е под истрага за корупција, незаконско преземање на интереси и фаворизирање, соопшти денеска полицијата.

Како што јави дописникот на МИА, истрагата се однесува на два литографии што му ги подарила компанија во 2017 година, кога Дусоп бил пратеник и градоначалник.

– Обвинителството ја продолжува истрагата. Ова е нормално и ќе се докаже дека не сум виновен. Јас ги вратив литографиите пред неколку недели. Иако нема ништо казниво, јас претпочитав да ги вратам, за да заврши ова контроверзна истрага, истакна Дусоп.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски