Франција не знаела за терористичката група од Барселона

Од:

Француските власти не знаеле дека постои терористичката група која ги изврши нападите минатата недела во Барселона и Камбрилс, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колом.

– Не знаевме за нив, истакна Колом, додавајќи дека тие главно дејствувале во Шпанија.

Тој нагласи дека утре ќе оствари средба со шпанскиот министер за внатрешни работи.

Колом претходно ги потврди медиумските наводи дека автомобилот, кој бил употребен за нападот во Камбрилс, е снимен од безбедносните камери во регионот на Париз, но истакна дека властите во тој момент не знаеле зошто возилото се наоѓа тука.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски