Франција ќе го „интензивира“ снабдувањето со воена и хуманитарна помош за Украина

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе „интензивира“ снабдување со воена и хуманитарна поддршка по разговорот со неговиот украински колега Володимир Зеленски.

Зеленски и се заблагодари на Франција за „големите воени пратки кои придонесуваат за украинскиот отпор“, рече Макрон, додавајќи дека „таа поддршка ќе продолжи да се интензивира, како и хуманитарната помош обезбедена од Франција“.

„Мисијата на француските експерти кои придонесуваат за собирање докази за борба против неказнивоста и дозволување на работа на меѓународната правда во врска со злосторствата извршени во контекст на руската агресија ќе продолжи“, рече тој.

САД, Франција, Чешка и другите сојузници му дадоа на Киев стотици артилериски парчиња со голем дострел за да му помогнат да се спротивстави на офанзивата на Москва во Донбас.

Француското претседателство денеска соопшти дека помошта за Украина изнесува „повеќе од 615 тони опрема, вклучувајќи медицинска опрема, генератори за болници, помош во храна, помош за засолништа и возила за итни случаи“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков