Франција им наметна дигитален данок од три отсто на Гугл, Амазон, Фејсбук и Епл

Од:

Француската влада во средата воведе данок за дигитални продажби на гигантските технолошки компании, во обид да се спречи практиката на плаќање глобални давачки во земјите со пониски даночни стапки, пренесува „Спутник“.

Предлог-законот, кој треба да го разгледаат министрите на владата пред да биде доставен до парламентот, е на министерот за економија, Бруно ле Мер, и предвидува компаниите да платат данок од три отсто на поголемиот дел од нивната дигитална продажба во Франција, објави „Франс 24“.

Данокот ќе се применува на француските приходи на околу 30 големи компании, од кои повеќето се со седиште во САД. Ле Мер проценува дека данокот ќе генерира приближно 500 милиони евра годишно.

Данокот, кој е насловен како GAFA-данок од страна на француските медиуми – француски акроним за технолошки гиганти Гугл, Епл, Фејсбук и Амазон – е насочен кон дигитални компании со глобална годишна продажба од повеќе од 750 милиони евра и продажба во Франција од најмалку 25 милиони евра.

 

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски