Франција и Саудиска Арабија со повик договорот за иранската нуклеарна програма да не попречува регионална стабилност

Од:

Саудиска Арабија и Франција повикаа денеска договорот за иранската нуклеарна програма да обезбеди Техеран да не ја поткопа регионалната рамнотежа и да не претставува закана за соседите.

– Франција и Саудска Арабија ја потврдуваат неопходноста за постигнување траен и обврзувачки договор со Иран. Со таков договор не смее да се дестабилизира безбедноста и стабилноста на регионот ниту да има закани за безбедноста и стабилноста на иранските соседи, наведуваат двете држави во соопштение.

Франција е меѓу групата држави која обезбеди преоден договор со Иран што треба да се потпише до 30 јуни.

Соопштението е објавено во време кога францускиот претседател Франсоа Оланд е во посета на Ријад. Оланд денеска ќе присуствува на состанокот на Советот за заливска соработка што се одржува во саудискиот главен град.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили