Франција го повикува Иран да се врати на преговорите

Од:

Франција го повика Техеран да ги прекине нуклеарните активности „што имаат тежина без преседан“, во време кога американските и европските пратеници се состанаа за да разговараат за напорите за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.

Американскиот пратеник Роберт Мели им се придружи на своите колеги од Франција, Велика Британија и Германија синоќа на состаноците во Париз, во, како што го нарече француското Министерство за надворешни работи, „критичен момент“ за напорите за спас на договорот.

– Итно и клучно е Иран да ги прекине активностите што имаат невидена тежина и што го прекршуваат договорот, како и веднаш да ја продолжи целосната соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Ен-Клер Лежандре.

Францускиот претставник потврди дека американските и европските партнери се подготвени веднаш да се вратат на преговорите со Техеран, со цел брзо да се склучи договор за враќање на Иран кон обврските и враќање на САД на Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA).

Во Вашингтон, портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека САД и нивните партнери „се обединети во верувањето дека дипломатијата останува најефективниот начин да се спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје“.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран