Франција го отфрли барањето на Џулиан Асанж за азил

Од:

Елисејската палата реагираше многу брзо и преку писмено соопштение даде негативен одговор на јавното брање на основачот на Викиликс, Џулиан Асанж испратено преку весникот „Ле Монд“, во кое побара од Франција да му даде азил, јави дописникот на МИА од Париз.

– Потребно е продлабочено разгледување на барањето, имајќи ги пред вид правните елементи и материјалната ситуација на Асанж, Франција не може да го задоволи неговото барање. Ситуацијата на Асанж не претставува итна опасност за него, се вели во соопштението на Елисејката палата, во кое се појаснува дека против Асанж е издаден европски налог за апсење.

Во отвореното писмо објавено во весникот „Ле Монд“, основачот на Викиликс го повикува францускиот претседател Франсоа Оланд и Франција да го прифатат неговото барање за азил, бидејќи како што тврди неговиот живот е „загрозен“.

– Како земја-членка на Европската унија, како држава ангажирана во текот на нејзината историја во борбата за вредности што се и мои, како петта светска сила, како земја која ми го одбележа животот и во кој живеев дел од него, Франција може, ако сака, да дејствува, напиша Асанж во своето писмо.

– Мојот живот сега е во опасност, господине Претседателе, и мојот физички и психолошки интегритет е… загрозен, напиша Асанж, кој е роден во 1971 година во Австралија и кој сега живее во егзил во Амбасадата на Еквадор во Лондон.

– Само Франција сега е во состојба да ми ја понуди потребната заштита од… политичкиот прогон, на кој сум изложен денес, додава тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили