Перуанските власти денеска соопштија дека градежниците уништиле пирамида стара најмалку 4.000 години на најстарото археолошко наоѓалиште во земјата, која се наоѓа во близина на престолнината Лима.
Во соопштението се наведува дека ќе бидат покренати официјални обвиненија против две градежни фирми за уривање на пирамидата висока шест метри, една од 12 во рамки на комплексот „Ел Параисо“.
Археолозите истакнаа дека е извршена „непоправлива штета“. Перуанското Министерство за туризам наведува дека споменатиот комплекс пирамиди бил религиозен и админстративен центар на тоа подрачје многу пред цивилизацијата на Инките.