Данскиот град Гивскуд, на местото каде што се наоѓа сегашната зоолошка градина, која што е стара 50 години, треба да добие нова иновативна градина за животни.
Како што е планирано овој нов дом за животните нема да има решетки како досега.
Проектот „Зоотопија“ е дело на дански архитекти и подразбира претставување на континентите Африка, Азија и Јужна и Северна Америка.
Посетителите ќе ги набљудуваат животните преку рампи, мостови и тунели, а ќе може да се сокриваат во посебни скривници, прозирни топки и стебла со дупки доколку животните им се доближат.
Е. Г.