Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Од:

Данска во последните денови испрати приватни пораки до тимот на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изразувајќи подготвеност да разговара за зајакнување на безбедноста на Гренланд, или зголемување на американското воено присуство на островот, изјавија за Аксиос два добро информирани извори.

Како што изјавија изворите на Аксиос, данската влада сака да ги искористи пораките испратени до Трамп преку неговите советници за да го убеди новиот претседател дека неговите безбедносни грижи може да се решат без претензии на САД кон Гренланд.

Изворите на Аксиос рекоа дека данската влада сака да избегне јавен конфликт со новата американска администрација, па затоа побарала од членовите на тимот на Трамп појаснување за тоа што мислел новиот претседател со неговите изјави за Гренланд.

Би можело да ве интересира

Путин му испрати на Трамп мистериозен подарок

Зеленски: Русија очигледно успеа да влијае врз луѓето на Трамп

Трамп: Гренланд може да стане дел од САД во иднина

Сијарто: Само Трамп може да донесе мир во Украина

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Трамп збесна поради новиот портрет, бара сликата веднаш да биде одстранета

Горан Наумовски