ФОТО: Нивните убиства го променија светот

Од:

Историјата бележи голем број политички убиства, но само дел од нив имаа влијание или барем го забрзаа нејзиниот тек. Ова се некои од нив:

Убиството на Франц Фердинанд

francFerdinand

Прво политичко убиство на оваа листа секако е настанот со светска тежина, односно убиството на престолонаследникот Франц Фердинанд во 1914 година во Сараево.

Ова убиство на надвојводата на Австрија и Австроунгарија и принцот на Унгарија и Бохемија (Чешка) ја покрена долго подготвуваната „лавина“ во Европа, која се прелеа во светот.

Низата случувања по атентатот беа причина за започнување на Големата војна, односно Првата светска војна.

Николај II Романов

nikolaj2romanov

Убиството на последниот руски цар само по себе не е пресуден политички момент, бидејќи беше нуспроизвод на болшевичката револуција. Меѓутоа тоа би можело да се земе како симбол за излегување на глобалната сцена на уште еден феномен, кој го направи денешниов свет онаков каков што сите го знаеме и чии што последици уште долго ќе ги чувствуваме.

Во немирите од 1918 година, во кои не се знаело ниту кој е на власт, ниту кој е против кого, револуционерите на Владимир Илич Ленин крваво ја уништија монархијата во Русија.

Со помош на тој масакар и седумдесетгодишното едноумие е создадена советската империја, која што се урна на почетокот на деведесетите години од минатиот век.

Махатма Ганди

Mahatma-Gandi

Мохандас Карамчанд Ганди својот живот го посвети на идејата за ненасилно, но активно спротивставување. Славата на човекот кој практично без ниту еден испален куршум ја урна Британската империја, го направи синоним за граѓанска непослушност.

Џон Ф. Кенеди

Dzon-Kenedi

Убиството на американскиот претседател, Џон Кенеди се наметнува како синоним за атентат и тема број еден меѓу теориите на завери. Тој е убиен под се уште недоволно разјаснети околности во 1963 година, во Тексас.

Значењето на убиството на Кенеди во перцепцијата на аналитичарите се движи од „првиот сигнал на крајот на американската демократија“ до „експанзија на неоколонијализмот во САД, кој од посткенедиевата ескалација на војната во Виетнам, оди до денешните „ослободувања“ и „војни против теророт“ во Ирак, Северна Африка, Авганистан.

Абрахам Линколн

abrahamLinkoln-film

Убиството на Кенеди можеби е „најпопуларно“, но не и најзначајно дури ни во кратката американска историја. Иако е една од најмладите големи светски нации, САД изгубија дури четири претседатели поради убиства, а врз 16 претседатели беше извршен атентат.

Од оние кои не го избегнаа куршумот на политичките противници е и Абрахам Линкон. Човекот кој стави крај на робовладетелството во САД е убиен во 1865 и тоа во театар во Вашингтон.

Мартин Лутер Кинг Помладиот

martinLK-pomladiot

Уште една икона на американската , а со тоа и на светската популарна иконографија. Покрај Ганди тој е најпопуларниот заговорник за еднаквоста меѓу луѓето.

Тој е убиен во 1968 година на балкон од хотел во Мемфис. Неговата смрт предизвика големи немири во САД, но и проток на информациите дека американското црно малцинство е угнетено и дека човековите права и демократијата во САД не се на ниво, на кое се мислело дека се.

Улоф Палме

ulofPalme

Долгогодишниот премиер, политичар и лидер на Социјалдемократската партија е еден од најпознатите Швеѓани во минатиот век. Почитта од светот овој „револуционерен реформист“ ја заслужи поради емотивните настапи против улогата на САД во Виетнамската војна, СССР во уривање на Прашката пролет, Франковиот режим во Шпанија или нуклеарното вооружување.

Тој е убиен во 1986 година, во Стокхолм додека се враќал во својот дом, а случајот со неговото убиство остана нерешен.

Гај Јулије Цезар

cezar-statua

Убиството на најпознатиот римски војсководец, Гај Јулије Цезар исто така се смета за настан кој имал влијание врз промени во светот. Тој бил убиен, со цел да се спречи Римската Република да направи своја империја, но историјата не се согласила со тоа и на темелите на неговото убиство во крвави граѓански војни е родено Царството кое на три континенти ги проживеало следните 500 години.

Зоран Ѓинѓиќ

zokiG

Убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година се уште е свежа рана во политичкиот, но и во секојдневниот живот на граѓаните на Србија. Тој беше меѓу водечките личности за уривање на режимот на Слободан Милошевиќ, а како премиер заслужен и за негово предавање на Меѓународниот трибунал за воени злосторства.

За неговото убиство се осудени лица од службата за државна безбедност, но политчките налогодавци до сега не се откриени.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски