ФОТО: Кинез фотографирал смог, „фатил“ двојно самоубиство

Од:

Кинески репортер, документирајќи го загадениот возудх во градот Вухан, случајно со објективот фатил и самоубиство на две млади лица, кои заедно од мост скокнале во реката Јанце.

Локалниот весник објави дека полицијата се уште ги бара момчето и девојката, а можноста да се пронајдат живи речиси и да не постојат.

samoubistvo-01

Репортер на „Хубеи дејли“ сликал фотографија за загадениот воздух покрај реката, но се изненадил кога слушнал дека има некој во неа.

Во тој момент новинарот погледнал под мостот за да се увери што се случило, бидејќи друга личност ја прескочила оградата.

samoubistvo-02

На местото од каде што скокнале младите пронајдени се неколку предмети.

Репортерот подоцна се сетил дека пред десетина минути поминал покрај двете млади лица, кои биле облечени во црна облека и наведнати над оградата.

samoubistvo-03

Личната карта што е пронајдена помеѓу предметите, го носи името Ли, односно на 20-годишно момче од Каидиан.

samoubistvo-04

Роднината на Ли изјавила дека момчето било во кавга со родителите, но не знае која е девојката што скокнала со него.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он