ФОТО: Годишнина од смртта на Ким Јонг-Ил

Од:

Илјадници севернокорејски војници и цивили денес му оддадоа почит на покојниот “драг лидер” Ким Јонг-Ил, во пресрет на првата годишнина од неговата смрт на 17-ти Декември.

Државната телевизија КРТ објави снимки од масите кои се собраа пред споменикот на Ким Јонг-Ил и неговиот татко и основач на Северна Кореја, Ким Ил-Сунг, објави “Телеграф”.

Луѓето стоеја во тишина пред нивните статуи, пред кои положија цвеќе. Претходно денеска, Ким Јонг-Ун, новиот лидер на Северна Кореја и син на Ким Јонг-Ил, заедно со претставници од државата присуствуваше на масовен марш во чест на неговиот татко.

Како што оценува дописникот на “Телеграф”, Северна Кореја денеска, една година по смртта на Ким Јонг-Ил, е сеуште изолирана, иако некои промени беа забележани откако Ким Јонг-Ун ја презеде функцијата на неговиот татко.

Ким Јонг-Ил почина на 17 Декември 2011 година. од срцев удар, а неколку дена подоцна, неговиот син е назначен за лидер на Северна Кореја, што ја подгреа надежта на меѓународната заедница дека во земјата ќе дојде до позитивни промени.

Во јануари оваа година, Ким Јонг Нам, најстариот син на починатиот лидер, трансферот на власта во земјата го опиша како шега, и предвиде рушење на режимот.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња