ФОТО: Двајца ранети при серија експлозии во будистички храм во Индија

Од:

Две лица се ранети денеска при серија експлозии во будистичкиот храм „Махабоди“ во истолната индиска сојузна држава Бихар.

Првата бомба експлодирала рано изутринава покрај статуата на Буда на велзот во храмот, по што, според различни извори, следеле уште меѓу четири и седум експлозии во внатрешноста на објектот.

mahabodhi-temple2

Подоцна полиција пронашла уште две поставени бомба, кои била деактивирана. Претставник на локалната поплиција изјави дека при експлозиите нема повеќе жртви и поголеми штети благодарение на тоа што бомбите биле се слаба моќност и што експлозиите се случиле во раните утрински часови, кога во храмот по правило има малку луѓе.

mahabodhi-temple4

При експлозиите се ранети еден монах и еден верник, кои се пренесени во болница, но засега нема информации за сериозноста на нивните повреди.

mahabodhi-temple3

Досега никој не презеде одговорност за нападот. Храмот „Махабоди“ е изграден на местото каде според будистичките преданија Гаутама Сидарта доживеал просветлување и се трансформирал во Буда.

mahabodhi-temple5

Храмот се наоѓа на листата на светско културно наследтво на УНЕСКО.

mahabodhi-temple1

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка