ФОТО: Баба-херој ги спаси петте внуци од пожар

Од:

Кога на интернет беше објавена фотографијата на нејзините пет деца во вода под мостот, додека околку нив беснее пожар, Бони Вокер помислила дека засекогаш ќе ги изгуби.

„Знаев дека е многу тешко да се одржат три деца непливачи над површината на водата“, изјави таа, која во моментот на пожарот била во друг град во Австралија.

Но благодарејќи на присебноста и храброста на бабата и дедото, сите членови на семејството останале живи. Тами и Тим Холмс ги чувале внуците Матилда(11), Лијам(9) Кејлеб(6), Естер (4), и Шарлота(1), додека нивните татко и мајка биле отсутни.

Тие внуците ги заштитиле од катастрофалните пожари кои со денови беснеат низ Австралија, поради што илјадници луѓе ги напуштија своите домови.

Во такви катастрофални услови се нашле и членовите на семејството Вокер и Холмс. Кога пожарот ја зафатил нивната куќа во Данилиј (Тасманија), бабата Тами и нејзините пет внуци се засолниле под простаништето, каде поминале два и пол часа.

За тоа време дедото Тим Холмс се обидувал да ја спаси куќата, но гледајќи дека ни пожарникарите со шмрковите не можат да до запрат пожарот потрчал кон пристаништето каде се криеле Тами и петте внуци.

„Пожарот брзо се ширеше и прозиведе облак на чад, пепел и ѓубре, и вонедостаток на кислород едвај дишевме“, рече Тим.

И покрај опасноста тој излегол од водата и го зел малиот чамец со кој Тами и петте внуци ги однел на сигурно.

„Се молев како никогаш во животот и мислам дека моите молитви беа слушнати“, изјави Бони при повторната средба со семесјтвото.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он