Форин Офис: Шпанија го прекршува меѓународното право во Гибралтар

Од:

Шпански бродови и хеликоптери вршат насилство врз меѓународното право, навлегувајќи во британските територијални води кај Гибралтар, оцени британскиот Форин Офис.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи во Лондон се вели дека шпанската полиција, прогонувајќи криминални банди, има направено низа упади во британските територијални води, во изминатите два дена.

Интервенирала и британската кралска воена морнарица, стационирана во Гибралтар, за да се протераат назад, бродовите на специјалната шпанска единица за борба против шверцот на дрога и перењето пари.

Претставник на Форин Офисот го означи однесувањето на шпанските власти како „целосно неприфатливо„.

– Ние можеме да имаме разбирање за операциите на шпанската полиција против бродови кои можеби се вклучени во разни криминални дејствија, но е апсолутно неприфатливо и против меѓународното право, да се навлегува во британските територијални води, без да биде Велика Британија информирана за тоа- се вели во соопштението од Форин Офисот.

Според Министерството во Лондон, станува збор за „насилство врз Британија, извршено од страната на друга земја, членка на ЕУ„.

Првиот министер на Гибралтар, Фабијан Пикардо изјави за лондонските медиуми дека локалната полиција би можела да им помага на Шпанците во нивните антикриминални операции и дека резултатот од тоа тогаш би бил многу поефикасен.

Шпанија води спор со Велика Британија за Гибралтар, веќе 300 години, откако оваа мала територија, на крајниот југ на Пиринејскиот Полуостров, во 1713 година, со меѓународен договор им е предаден на Британците.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски