Флорида: Додека бeше во „тоалет“ во природа, алигатор му ја одгриза десната рака

Од:

Американецот од Флорида, Џордан Ривера (23) доцна синоќа бил во бар во Порт Шарлот и видел долга редица пред машкиот тоалет. Наместо да чека, Ривиера решила да излезе надвор и да се олесни во природа.

„Видов езерце, мислев да одам таму и да мокрам, зошто да не? Нешто се случи, или се сопнав или… некако завршив во вода. Тоа е последното нешто што се сеќавам“, изјави младиот човек за филијалата на ABC News WZVN.

За жал, во езерцето каде што се нашол Ривера имало алигатор.

Ривиера не се сеќава што се случило потоа и како завршил во локалната болница, но кога се разбудил му недостасувала десната рака.

Претставниците на FWC, како и полицијата на округот Шарлот рано утринава одговориле на повикот дека еден човек претрпел „сериозни повреди“ откако бил каснат од алигатор.

Би можело да ве интересира

Алигатор уби Американка, го чуваше нејзиното тело и ги спречи спасувачите да се приближат

(ВИДЕО) Жестока борба: Човек скокна на алигатор кој се појави пред училиште

(ВИДЕО) Ужас на Флорида: Алигатор му ја одгриза раката на 23-годишно момче

(ВИДЕО) Полицијата на Флорида „уапси“ алигатор: шетал по улица пред градскиот стадион

(ВИДЕО) Aлигатор долг 3,65 метри брутално нападнал пливач: „Чудо е што сум жив“

А1он