(ВИДЕО) Полицијата на Флорида „уапси“ алигатор: шетал по улица пред градскиот стадион

Од:

Полицајци во Тампа на Флорида „уапсија“ алигатор долг 2,7 метри кој бил пријавен дека се движел по улица недалеку од градскиот стадион.

Акцијата, која ја следеле повеќе граѓани, ја извеле шест полицајци, а алигаторот неколкупати замавнал со опашката кога му се приближил првиот, боцкајќи го со испружена палка, пренесува АП.

Потоа неколку полицајци употребиле јамка за да го спречат алигаторот да ја отвори устата, која подоцна дополнително ја прицврстиле со селотејп.

Двајца службеници го држеле алигаторот на земја со нивните тела за да му ги врзат нозете и на тој начин безбедно да го транспортираат од местото на настанот, пред стадионот Рејмонд Џејмс, кој е дом на Тампа Беј Баканиерс, американски фудбалски тим од НФЛ лига.

Фил Волтерс, ловец на алигатори под договор со Комисијата за заштита на рибите и дивиот свет на Флорида, кој беше повикан да им помогне на полицајците, рече дека е импресиониран од работата што ја направиле пред да пристигне.

„Тие завршија одлична работа. Тие го направија тоа за мене“, изјави Волтерс за локалната телевизиска станица Тампа WFLA, пренесува АП.

Би можело да ве интересира

Драма во Флорида: Се запали автомобил со деца во него, додека мајката крадела од трговскиот центар

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Жестока борба: Човек скокна на алигатор кој се појави пред училиште

Флорида: Додека бeше во „тоалет“ во природа, алигатор му ја одгриза десната рака

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ужас на Флорида: Алигатор му ја одгриза раката на 23-годишно момче

Романци се уапсените за кражбатата на накитот вреден еден милион долари

ВИДЕО: Воз удри во камион што превезувал автомобили, возила летаа на сите страни

Ана Ололовска