(ВИДЕО) Ужас на Флорида: Алигатор му ја одгриза раката на 23-годишно момче

Од:

Алигатор долг скоро три метри му одгриза рака на млад човек кој во последен момент го спасил гостин на блискиот бар на Флорида каде што се случил инцидентот.

Според локалните медиуми, Џордан Ривера (23) бил нападнат недалеку од бар покрај езеро во Порт Шарлот. Дека нема рака сфатил дури откако се разбудил во болница.

– Не го загубив животот, ја изгубив раката, не е крај на светот, знаете – изјави Ривера, која моментално е во болница.

Тој наведува дека влегол во езерцето и дека паднал во водата несвесен колку е длабока.

Градежниот работник Мани Идалго, кој го спасил младиот човек, изјавил дека истрчал да и помогне на Ривера откако го слушнал како вика околу 1:45 часот во неделата. Тој сведочи дека раката на момчето била буквално „исџвакана“.

алигаторот е фатен и убиен.

Би можело да ве интересира

Флорида: Додека бeше во „тоалет“ во природа, алигатор му ја одгриза десната рака

Горан Наумовски

Романци се уапсените за кражбатата на накитот вреден еден милион долари

ВИДЕО: Воз удри во камион што превезувал автомобили, возила летаа на сите страни

Ана Ололовска

Флорида донесе нов закон за абортус, Белата куќа: Ова е екстремно и опасно

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Страотно семејно насилство на Флорида: тројца убени меѓу кои и дете

(ВИДЕО) Полицијата на Флорида „уапси“ алигатор: шетал по улица пред градскиот стадион