Фишер и Курц за вклучување на Асад во решавање на сириската криза

Од:

Австрискиот претседател Хајнц Фишер и шефот на дипломатијата Себастијан Курц се залагаат за вклучување на сирискиот претседател Башар ал Асад во решавање на сирискиот конфликт.

За запирање на бранот бегалци неопходно е во решавањето на сириската криза да се вклучи Асад, истакнаа Фишер и Курц во Њујорк.

Според нив, на преговарачка маса мора да бидат доведени сите „играчи“. Фишер и Курц изјавија дека бројот на држави кои се согласуваат со тоа постојано расте.

Асад подолго време не беше опција, но мора да биде основна цел за да се реши сириската криза, истакна Фишер, кој на таа тема разговараше и со јорданскиот крал Абдула.

Околу решавањето на сириската криза постои спор меѓу САД и Русија, при што пред се станува збор за политичката иднина на Асад.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче