Финската премиерка со оценка дека членството во НАТО ќе значи безбедност за Финците

Од:

Финската премиерка Сана Марин денеска изјави дека евентуалниот влез на нејзината земја во НАТО ќе значи безбедност за граѓаните на оваа нордиска земја. Воедно, таа ја повика меѓународната заедница да се обедини во заострување на санкциите кон Русија поради нападот врз Украина.

Финска и Шведска оваа недела треба да одлучат за влез во НАТО, што може да биде сериозен удар за Русија.

– Ако Финска го направи овој историски исчекор, тоа е за безбедноста на нашите граѓани. Членството во НАТО ќе ја зајакне целата меѓународна заедница, која се бори за истите вредности, рече Марин за време на разговорите во Токио со јапонскиот премиер Фуми Кишидо.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата