Финската премиерка демантира дека земјата не сака НАТО бази на своја територија

Од:

Финската премиерка Сана Марин на Твитер демантираше дека изјавила дека земјата на своја територија не сака воени бази на НАТО ниту нуклеарно оружје.

„Ројтерс повторно погрешно ги пренесе моите коментари. Не ја затворивме вратата за идните решенија во врска со членството во НАТО, но реков дека Финска сега се фокусира на преговорите за членство. Побаравме од Ројтерс корекција“, рече Марин.

Претходно Ројтерс извести, а пренесоа огромен број медиуми, дека доколку стане членка на НАТО, Финска не сака да распореди нуклеарно оружје или да постави воени бази на својата територија, повикувајќи се на изјава на Марин.

– Сметам дека сега е важно да се биде смирен. Важно е да имаме дискусии со Турција и останатите членки, да одговориме на прашања, што може да произлезат и да го поправиме секое несогласување, изјави претходно Марин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Иднината на регионот е во борбата за посилна економија, соработка и создавање на иднина

Муцунски: Како кредибилна НАТО членка остануваме посветени на зајакнувањето на колективната безбедност

(ВИДЕО) Ердоган: Нема соработка на НАТО со Израел додека нема мир во Палестина

Кина: Самитот на НАТО е полн со воинствена реторика, провокации и лаги

Мицкоски од Вашингтон: Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Клучен самит на НАТО, Бајден порача дека Русија нема да победи

Катерина Ѓуровски