Мицкоски: Иднината на регионот е во борбата за посилна економија, соработка и создавање на иднина

Од:

На маргините на НАТО Самитот во Вашингтон претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски оствари повеќе билатерални средби и разговори, соопшти денеска владината прес-служба.

Тој се сретнал со потсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт департмент Џон Бас. Соговорниците разговарале за стратешките интереси на државата, за македонските напори кои се насочени кон нивно исполнување, како и за интеграцијата и напредокот на регионот.

Премиерот Мицкоски подвлекол дека борбата против организираниот криминал и корупција како и владеењето на правото се приоритети на новата Влада.

-Премногу долго корупцијата навлегуваше во секоја пора на институциите и го оневозможуваше напредокот. Тоа се менува преку системска активност која подразбира непристрасност во спроведувањето на законите и поддршка на професионалците кои се задолжени за спроведување на законите. Потребни се промени кои ќе влеат надеж во институциите, истакнал Мицкоски.

Тој додал дека иднината на регионот е во тесна соработка на државите, и насоченост кон работите кои не обединуваат, како и создавање иднина која ќе донесе просперитет на сите.

Премиерот Мицкоски во Вашингтон оствари средба и со претседателот на Чешка Петр Павел. Соговорниците разговарале за искористување на потенцијалите за економска и политичка соработка.

Претседателот на македонската Влада Мицкоски истакнал дека иднината на регионот е во полноправно членство во Европската Унија и дека на тој план се направени премногу отстапки и откажувања кои не се вреднувани до крај и дека кочењето преку неразумните спорови мора да престане. Граѓаните, додал Мицкоски, со право бараат подобар живот, а Владата е целосно посветена на подобар стандард и исполнување на високите критериуми за интеграција.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри

ВИДЕО: Мицкоски има две третини во Собранието, не му треба СДСМ за предвремени избори, не влегуваме во таа игранка, порача Филипче

Катерина Ѓуровски