Финска не гледа воена закана од Русија, вели премиерот Орпо

Од:

Финска не гледа непосредна воена закана од Русија, изјави денеска премиерот Петери Орпо на прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Шведска Улф Кристерсон.

-Не гледам никаква непосредна воена закана од Русија против Финска. Ние во Финска спиеме цврсто ноќе бидејќи сме добро подготвени, им рече Орпо на новинарите во Стокхолм, пренесуваат британските медиуми.

Меѓутоа, додаде Орпо, сите членки на ЕУ и НАТО треба да се подготват за секое можно сценарио.

На 4 април минатата година Финска стана членка на НАТО, со што заврши историската промена во безбедносната политика на земјата предизвикана од рускиот напад врз Украина.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов