Филипинскиот претседател со наредба им дозволи на полицајците да пукаат доколку граѓаните не ги почитуваат мерките против Ковид-19

Од:

Филипинскиот претседател, Родриго Дутерте предупреди дека ќе и нареди на полицијата и војската да пукаат во секој што „предизвикува проблеми“ во периодот на едномесечниот карантин во земјата поради коронавирусот.

„Ова е предупредвање за сите – слушајте ја Владата, бидејќи е клучно да имаме ред и не ги навредувајте здравствените работници, лекарите … затоа што тоа е сериозно злосторство. Им наредувам на полицијата и војската, ако некој прави проблем, а вашите животи се загрозени, пукајте“, рече Дутерте во обраќањето до нацијата.

Дутерте издаде предупредување до сите жители на сиромашните квартови во Квизон Сити, округот Манила, кои протестираа покрај автопатот, бидејќи не добиле пакети со храна откако започна карантинот пред две недели.

На Филипините досега од коронавирусот починаа 96 луѓе, а 2.311 се заразени.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски