Филипините побараа Кина да докаже дека и тие подигаат воени постројки и населби на спорните острови во Јужното Кинеско Море

Од:

Портпаролот на филипинскиот претседател Акино, Херминио Коломба денеска на прес конференција во Манила побара од Кина документирано да ги докаже тврдењата дека Филипините граделе големи воени и цивилни објекти на спорните Спратли осрови во Јужното Кинеско Море. Реакцијата уследи по вчерашните кинески тврдења дека Манила го прекршува Кодексот за однесување во врска со ериторијалните спорови за сувереноста над Јужното Кинеско Море, неформално договорен меѓу Кина и групацијата АСЕАН, во која членуваат и државите што ја оспоруваат кинеската сувереност на ова море.

Обвиненијата дека Филипините градат аеродроми, пристаништа и воени и цивилни кампови на спорните Спратли острови ги соопшти вчера портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг, нагласувајќи дека објектите се градат на територија која и припаѓа на Кина.

Спратли островите, архипелаг што го сочинуваат 750 помали острови, гребени и атоли се наоѓаат во близина на бреговите на Филипините, Малезија и Виетнам, а Кина тврди дека тие се нејзина територија, во состав на 90 посто од вкупната површина на Јужното Кинеско Море.на која Пекинг полага сувереност.

Филипините минатиот месец објавија сателитски снимки на кои се гледа дека Кина гради големи цивилни и воени населби на спорните острови. За сега, освен вчерашната изјава на портпаролот на кинеското министерството за надворешни работи, Пекинг не понуди документација за своите тврдења.

Филипините и Виетнам побараа споровите околу сувереноста на спорното море, богато со резеви нафта, гас  и рибен фонд да се решат пред судот на ОН за поморско право во Хаг. Пекинг повеќе пати повтори дека хашкиот Трибунал не го смета за надлежен во овој спор и инсистира за сувереноста на териториите да се договорат заинтересираните држави.

На неодамнешниот годишен самит на шефовите на држави и влади на десетте држави на АСЕАН беше усвоен и документ во кој се бара решавање на спорното прашање на суверенитетите над Јужното Кинеско Море да се решаваат со почитување на правата на сите заинтересирани држави, а се со цел да се избегне избувнување на политичка и воена затегнатост во регионот на Југоисточна Азија.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија