Филипе Њуси, кандидатот на владејачката марксистичка партија Фрелимо, победи на претседателските избори во Мозамбик одржани на 15 октомври, објави денеска Централната изборна комисија.
Според објавените резултати, 55-годишниот Њуси освоил вкупно 57 проценти од гласовите, додека неговиот противкандидат Афонсо Длакама од партијата РЕНАМО 37 отсто. Трет е Диваз Саманго со освоени осум проценти.
Од 2008 година Филипе Њуси беше министер за одбрана на Мозамбик. Неговата партија ФРЕЛИМО управува со Мозамбик од 1975 година, кога земјата стекна независност од Португалија.
Резултатите од изборите, треба да бидат потврдени и од Уставниот суд на Мозамбик.