Фејсбук уште во 2014 знаел за руското мешање на интернет, тврди британски пратеник

Од:

Фејсбук уште во 2014 година знаел за „потенцијално злонамерните“ активности на Русија на оваа социјална мрежа, далеку пред обелоденувањето на ваквите сознанија, изјави претседателот на британската парламентарна Комисија за информациски технологии, култура и медиуми, Дејвид Колинс.

Комисијата со која раководи Колинс со месеци води истрага против Фејсбук за поврзаност на социјалната мрежа со феноменот на „лажни вести“.

Колинс побара од претставникот на Фејсбук, Ричард Ален, присутен на заседанието на Комисијата, да даде објаснување за интерните електорнски преписки меѓу вработени во компанијата.

Според Колинс, уште во октомври 2014 година инженер во Фејсбук го предупредил раководството дека од руски Ај-Пи адреси имало пристапи до три милијарди информации дневно.

– Откако руските Ај-Пи адреси извлекле огромно количество податоци од платформата, дали тоа беше пријавено или едноставно турнато под тепих, праша Колинс.

На ваквите прашања Ален, кој е потпретседател на Фејсбук, одговори дека содржините до кои имале пристап членовите на Комисијата биле „делумни и непроверени“.

– Секоја информација што можеби сте ја виделе, во најдобар случај е делумно, а во најлош случај потенцијално погрешна, истакна Ален.

Би можело да ве интересира

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства