Фејсбук и Твитер избришаа објави на Трамп поради ширење дезинформации за коронавирусот

Од:

Социјалните мрежи Фејсбук и Твитер денеска отстранија видео кое го објави американскиот претседател Доналд Трамп, поради ширење дезинформации за коронавирусот.

На снимката, што ја сподели Трамп, која и покрај забраните и натаму се шири на социјалните мрежи, се прикажани група лекари кои изнесуваат погрешни и непотврдени информации поврзани со пандемијата. Според „Вашингтон пост“, повеќе од 14 милиони луѓе го гледале видеото на „Фејсбук“. Во него, меѓу другото, се вели дека маските не се неопходни за да се запре болеста

„Твитовите што го придружуваа видеото ја нарушуваат нашата политика во врска со дезинформации за Ковид-19“, изјави портпарол на Твитер за американските медиуми.

Портпаролот на Фејсбук, пак, потврди дека видеото синоќа е повлечено и од таа социјална мрежа.

„Ние го избришавме видеото затоа што споделува невистинити информации за лекови и третмани за Ковид-19“, објасни портпаролот на Фејсбук.

 

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски