Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Од:

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, порачувајќи му да остане „посветен на мирна и конструктивна соработка“ со американскиот претседател Доналд Трамп.

Дуда рече дека разговорот со Зеленки бил отворен, а во контекст на развојот на ситуацијата и по разговорот на украинскиот лидер со пратеникот на Трамп за Украина, Кит Келог.

„Му пренесов дека постојано веруваме дека нема друг начин да се запре крвопролевањето и да се постигне траен мир во Украина, освен со поддршката на САД“, напиша Дуда на својот профил на X.

Би можело да ве интересира

Трамп го обвини Министерството за трговија дека намерно објавило неточни податоци

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

Откриени трансакции: Трамп купувал и продавал акции на „Нвидиа“

Катерина Ѓуровски