Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот на Астра Зенека против коронавирус – „Евушелд“.
Тоа е коктел од антитела што ја спречува инфекцијата на лицата со ослабен имунитет и оние кои имале силни несакани ефекти од вакцинацијата.
Лекот е одобрен само за возрасни и адолесценти кои досега не биле заразени, ниту пак биле во контакт со заразени лица.
Вакцината на Астра Зенека сè уште не е одобрена во САД.
Како што пренесува Гласот на Америка, истражувањата покажале дека лекот „Евушелд“ ја спречува инфекцијата со Ковид и манифестирањето на симптомите во 77 отсто од случаите.
Предвидено е лекот да се дава во две инјекции, а заштитата трае од седум месеци до една година.
– Иако вакцините се најефикасна заштита од Ковид-19, на луѓето со ослабен имунитет и на оние кои лошо реагирале на вакцините им треба алтернатива, рече една од директорките на ФДА, Патриша Кавазони.
Сепак, ФДА додаде дека Астра Зенеке не е замена за вакцинирање на луѓе за кои е препорачана вакцината.
Коктел со антитела може да спречи, во раните фази, развој на тешка клиничка слика на Ковид.
Слични лекови веќе произведуваат Ели Лили, Реџенерон и Глаксо Смит Клајн.