ФБИ во Њујорк приведе пратеничка од руската Дума

Од:

Пратеничката во руската Дума, Инга Јумашева, била приведена на аеродром во Њујорк заради сослушување, соопшти амбасадорот на Русија во САД.

Таа била приведена од службеници на ФБИ по што руската Амбасада испрати протестно писмо до Стејт департментот.

Руските медиуми јавуваат дека Јумашева отпатувала во САД за да учествува на форумот „Дијалог Форт Рос“ кој се одржува денеска и оти припадник на ФБИ ја сослушувал еден час.

Според руската дипломатска мисија, на Јумашева и биле поставувани „целосно нејасни, неразбирливи и неприфатливи прашања“.

Претходно дел од руската делегација, која требаше да присуствува на Генералното собрание на ОН, не доби американски визи.

Би можело да ве интересира

Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка

Трамп го најави Каш Пател за шеф на ФБИ

А1он

Уапсен е еден од најбараните терористи, ФБИ го бркаше 20 години

А1он