Сенатот ја oдобри номинацијата на Каш Пател за директор на ФБИ

Од:

Сенатот на САД гласаше за унапредување на номинацијата на Каш Пател за директор на Федералното истражно биро (ФБИ), објави Ројтерс.

Сенатот гласаше 48-45 по партиска линија, во процедура што му претходи на неговото конечно гласање за потврда до крајот на оваа недела, пренесува Танјуг.

Пател, поранешен функционер во Министерството за одбрана во првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, повика на радикална ревизија на ФБИ, ветувајќи дека ќе ги прошири своите акции против илегалната имиграција и насилниот криминал, кои се клучни приоритети на Трамп во новиот мандат.

Пател беше меѓу најгласните критичари на ФБИ на истрагата против Трамп за прашања кои се движат од руското мешање во изборите во САД во 2016 година, задржувањето на доверливи документи од страна на Трамп во неговиот имот на Флорида и неговите обиди да ги поништи изборите во 2020 година, кои ги загуби од демократскиот кандидат Џозеф Бајден.

Би можело да ве интересира

Министерот: Ќе се преземат мерки за случајот со македонските државјани што ги бара ФБИ

Горан Наумовски

ФБИ нуди 200.000 долари за поранешна агентка: „На Иран му ја откри нашата тајна програма“

Се предаде поранешниот шеф на ФБИ: Џејмс Коми е обвинет за закани по животот на Доналд Трамп

А1он

Ирански хакери провалија во е-поштата на шефот на ФБИ, објавија негови приватни фотографии

Трамп: Мило ми е што почина екс шефот на ФБИ

А1он

Афера „Досиејата на Епштајн“: Министерството за надворешни работи на САД случајно откри таен агент на ФБИ

Горан Наумовски