ФБИ откри илјадници нови документи за атентатот на Кенеди

Од:

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) откри илјадници нови документи поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди откако американскиот претседател Доналд Трамп повика на објавување на доверливи разузнавачки документи поврзани со настанот од 1963 година.

ФБИ соопшти дека новото пребарување резултираше со околу 2.400 нови, претходно неидентификувани и дигитализирани документи кои сега се поврзани со досието за атентатот. ФБИ ги извести властите и во моментов работи на нивно пренесување во Националниот архив, каде што ќе бидат вклучени во процесот на декласификација.

Исто така, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање минатата недела испрати препораки до Трамп за тоа кои доверливи документи треба да ги објави.

Детали за овие препораки не се соопштени, а не се соопштува ниту кога ќе бидат објавени документите.

Иако Ли Харви Освалд е осомничен дека е атентатор на Кенеди во Далас, многу Американци сè уште веруваат во теориите за поширок план за заговор.

Историчарите сметаат дека новите документи нема значително да влијаат на постоечките теории и нема да донесат суштински промени во одредувањето што точно се случило.

Би можело да ве интересира

Министерот: Ќе се преземат мерки за случајот со македонските државјани што ги бара ФБИ

Горан Наумовски

ФБИ нуди 200.000 долари за поранешна агентка: „На Иран му ја откри нашата тајна програма“

Се предаде поранешниот шеф на ФБИ: Џејмс Коми е обвинет за закани по животот на Доналд Трамп

А1он

Ирански хакери провалија во е-поштата на шефот на ФБИ, објавија негови приватни фотографии

Трамп: Мило ми е што почина екс шефот на ФБИ

А1он

Се огласи сенаторот Кенеди за нападот врз училиште во Иран: Беше ужасно, направивме грешка