ФБИ: Се уште не се познати причините за убиството на маринците во Тенеси

Од:

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска соопшти дека е се уште рано да се шпекулира за мотивите на напаѓачот, кој вчера во Чатануга во Тенеси уби четворица маринци во два воени објекта.

Осмничениот, кој ФБИ го идентификува како Мохамед Јусуф Абдулазиз (24), е убиен во инцидентот. Според медиумите, тој е американски државјанин, роден во Кувајт.

– Имајќи предвид дека во овој момент е многу брзо да се шпекулира со мотивите на напаѓачот, ќе спроведеме сеопфатна истрага за оваа трагедија а потоа ќе изнесеме нови детали, се наведува во соопштението на ФБИ.

Американските власти истражуваат дали напаѓачот бил приврзаник на џихадистичката група Исламска држава (ИД) или некоја друга слична организација.

Службеници на ФБИ изјавиле дека напаѓачот имал „големо количество на оружје“.

Четворица американски маринци се убиени вчера во вооружен напад во Центарот за поддршка на опеарциите на американската морнарица и во Регрутниот центар за оружени сили во Чатануга.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски