ФБИ: Напаѓачот од Лас Вегас не е поврзан со ИД

Од:

Од ФБИ кажуваат дека напаѓачот, кој што денес уби 58 и повреди повеќе од 500 луѓе за време на фестивал во Лас Вегас нема поврзаност со ниту една меѓународна терористичка организација.

Специјалниот агент, Ерон Роус на прес-конференција изјави дека преземањето на одговорност од страна на Исламска Држава (ИД) било без никакви докази.

Екстремистичката група претходно објави дека Стивен Педок бил војник на ИД кој преминал во Исламот пред неколку месеци.

Властите се уште немаат утврдено мотив за нападот, но веруваат дека 64-годишниот Педок работел сам и се самоубил пред да биде фатен од полицијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски