Фаучи: За колективен имунитет треба да се вакцинираат најмалку 70 отсто од луѓето

Од:

Постигнувањето колективен имунитет против коронавирусот бара да бидат вакцинирани меѓу 70 и 90 отсто од граѓаните, оцени главниот американски експерт Ентони Фаучи.

Во интервју за „Њујорк тајмс“, тој призна дека со тек на време ги зголемил проценките за процентот на населението кое треба да биде вакцинирано со цел да се создаде колективен имунитет, откако претходно зборувал дека е доволно тој процент на изнесува 60-70 отсто.

– Кога истражувањата на јавното мислење покажуваа дека само околу половина од Американците би ја примиле вакцината, зборував дека за создавање колективен имунитет би било потребно да се вакцинираат 70-75 отсто од граѓаните. Меѓутоа, кога новите истражувања покажаа дека 60 отсто или повеќе би ја примиле вакцината, помислив дека би можело да ја поместам границата, па ја зголемив на 80-85 отсто, нагласи Фаучи.

Тој објасни дека „колку е болеста позаразна, толку е потребна поголема стапка на вакцинација за да се достигне прагот на колективен имунитет“.

Податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести покажуваат дека од 14 декември вакцината ја примиле над еден милион Американци, односно околу 0,3 отсто од населението.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас