Фатени двајца од петмината бегалци од швајцарскиот затвор

Од:

Швајцарската полиција фатила двајца од петмината затвореници кои вчера изведоа драматично бегство од затвор, соопштија денеска нејзини официјални претставници.

Полицијата во кантонот Во, на југозапад на земјата, соопшти дека се уапсени двајца бегалци, 34-годишниот државјанин на Албанија, како и 22-годишен Албанец од Косово, пренесуваат француските медиуми.

Покрај нив уапсени се двајца нивни помагачи, српски државјани. Двајцата бегалци се уапсени во еден стан во предградие на Лозана, каде е фатен и нивниот помагач, српски државјанин, додека вториот Србин за кого се верува дека им помагал во бегствот е уапсен во централниот кантон Луцерн, соопшти полицијата, наведуваат агенциите.

Во акцијата на фаќање на бегалците и нивните помагачи учествувале 80 полицајци. Во бегство и натамусе 47-годишен Французин и 45-годишен Србин, кои се членови на бандата „Пинк Пантер“. Во бегство, исто така, е и 31-годишен Босанец, соопшти полицијата. Французинот, Албанецот, Босанецот, Албанецот од Косово и Србинот вчера изведоа спектакуларно бегство од швајцарски затвор за само пет минути, а со помош на оружје што им го доставиле соучесниците од надвор со кое им се заканале на чуварите и на другите затвореници, пред да го прескокнат ѕидот на затворот и да исчезнат.

Бегалците, вчера наутро, во 10:20 часот, се наоѓале во дворот на затворот Буа-Мерме во предградието на Лозана со уште 30 затвореници кога тројца маскирани соучесници со скали се качиле на ѕидот од оградата и во дворот фрлиле торба со оружје и други предмети, пренесуваат француските медиуми.

Петмината бегалци го зграбиле пиштолот од торбата, заканувајќи им се со него на другите затвореници и чувари, а некои од нив ги испрскале со некаков спреј, па со помош на клешти направиле дупка во оградата што ги делела од ѕидот. Потоа се качиле на ѕидот со скалите што им ги донеле соучесниците, соопшти полицијата.

Уште еден, шести, затвореник се обидел да тргне по нив, но чуварите успеале да го спречат во намерата да се качи со помош на скалите.

Бегалците и нивните соучесници побегнале од лице место во два возила.

-Целата операција, што била исклучително добро организирана, траела помалку од пет минути, наведе полицијата.

Французинот (47) казната ја отслужувал заради грабеж и кривични дела што се однесуваат на наркотици и оружје, Албанецот (34) заради дрога, а Босанецот (31) и Албанецот од Косова (22) заради кражби.

Полицијата потврди дека Србинот (45) е осуден како припадник на криминалната група„ “Пинк Пантер“.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски