ФАО: 34 земји во светот немаат доволно храна за населението

Од:

Вкупно 34 земји во светот, од кои 80 проценти се од Африка, немаат доволно храна за населението поради конфликти, суша и поплави, се наведува во вчера објавениот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Во извештајот за претстојната реколта и ситуацијата во сферата на производството на храна се истакнува дека сушата е поврзана со климатската појава Ел Нињо. Во регионот на централна Америка и Карибите сушата, поврзана со Ел Нињо може трета година по ред да ја погоди сеидбата на основните земјоделски производи.

Поради сушата се очекува и пад на производството на храна во Алжир и Мароко.

Прогнозата на ФАО за производство на пченица во 2016 година е дека ќе бидат ожнеани 723 милиони тони. Тоа се десет милиони тони помалку од рекордната жетва во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

A1on

Северна Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура

Ана Ололовска