Фамилијата Ањели ги купува „Ла Република“ и „Ла Стампа“

Од:

Семејството Елкан-Ањели, сопственик на британски „Економист“, ја купува издавачката група ГЕДИ, која ги вклучува Ла Република и Ла Стампа во Италија.

Инвестициска компанија на познатата фамилија ќе им плати на сегашните сопственици Де Бенедети 102 милиони евра за 43,78 проценти од ГЕДИ.

Договорот го потврди Џон Елкан, потомок на фамилијата Ањели, кој своето богатство го стекна преку автомобилските концерни „Фиат“, „Крајслер“ и „Ферари“.

-Нашата компанија Ексор ќе обезбеди стабилност потребна на ГЕДИ за да ги забрза потребните технолошки и структурни реформи, рече Елкан.

Милијардерот додаде дека е убеден во светла иднина на квалитетно новинарство, бидејќи комбинира професионализам, доверба и независност за да ги исполни барањата на денешниот читател.

Покрај реномираните весници „Република“ и „Стампа“, ГЕДИ поседува и 13 регионални медиуми, вклучувајќи го и популарното радио „Диџеј“.

„Ексор“ има акции – 28,98 отсто во Фиат Крајслер, 22,91 отсто во Ферари и 63,77 отсто во фудбалскиот клуб Јувентус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим