Фалон: Британската одбрана е врзана за САД, а не за ЕУ

Од:

Министерот за одбрана на Велика Британија, Мајкл Фалон, смета дека за одбраната на земјата поголема улога игра САД, отколку Европската унија.

Во соопштение објавено на интернет страницата на британското Министерство за одбрана, Фалон, кој себе си се претставува како „убеден евроскептик“, нагласува дека одбранбената улога на Велика Британија е надвор од ЕУ.

„Соработката во полето на одбраната со САД е без преседан во нејзината големите. Како што излегуваме од ЕУ, нашите билатерални врски ќе значат повеќе од било кога, па затоа ќе ја зголемуваме и нашата соработка и ќе инвестираме повеќе во нашата заедничка програма за воени авиони“ стои во соопштението на Фалон испратено пред средбата со Џејмс Матис.

Во соопштението се наведува дека кога Британија ќе излезе од ЕУ, околу 80 отсто од парите кои се трошат за одбрана во НАТО ќе бидат од земји кои што не се членки на Унијата.

Уште пред референдумот за ЕУ, Велка Британија беше една од најострите противници за создавањето на т.н. „европска војска“, односно на сили за брза интервенција на Унијата.

Позицијата на официјален Лондон е дека „европските сили“ би му наштетиле на НАТО, затоа што би дошло до „непотребно удвојување на капацитетите и на ингеренциите“, затоа што најголемиот број земји членки на Алијансата се и членки на ЕУ.

Британски безбедносни експерти проценуваат дека Велика Британија стравува оти по Брегзит, а со посебни сили на ЕУ во кои ќе ги нема Британците, земјата ќе се најде целосно изолирана од Европа.

По повлекувањето од Унијата, НАТО, како безбедносна и политичка организација, ќе остане единствената врска на Велика Британија со европскиот континент.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски