Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

Од:

Белата куќа продолжи да врши притисок врз Киев да ја прекине вербалната војна, повикувајќи го да ги ублажи критиките и брзо да потпише договор за ретките минерали.

„Треба да ги замолчат критичарите и внимателно да го проучат овој договор и да го потпишат“, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц во интервју за Fox News.

„Отпорот на Украина во однос на договорот за минералите и на начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп ги води мировните преговори е едноставно неприфатлив со оглед на сè што направија САД за Украина“ додаде Вoлц.

Забелешките на Волц дојдоа ден откако Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски разменија остри пораки преку социјалните мрежи.

Трамп го нарече Зеленски „неизбран диктатор“, а Зеленски одговори дека американскиот челник „живее во балон од дезинформации“ и „ги повторува аргументите на Москва“.

Волц рече дека разликите меѓу САД и Украина не се непомирливи: „Претседателот исто така кажа колку го сака украинскиот народ“.

Украина и европските лидери се лути што останаа надвор од мировните преговори што започнаа во вторникот во Ријад, откако Трамп и Путин телефонски разговараа минатата седмица.

Волц негираше дека не биле консултирани сојузниците на САД и Украина.

„Постои термин за тоа во дипломатијата. Тоа се нарекува ‘шатл’ дипломатија, бидејќи во минатото не функционирало да се доведат сите на преговарачката маса во исто време. Значи, воспоставивме контакт со едната страна, па со другата, а потоа ќе имаме процес кој ќе се движи напред под водство на претседателот Трамп“, појасни Волц.

Би можело да ве интересира

Екс портпаролката на Зеленски: Украина е земја што крвари – треба да моли за мир

А1он

Миршајмер: Трамп размислува целосно да ја повлече поддршката за Киев

Горан Наумовски

Трагедија во Алјаска: Се урна авион, нема преживеани

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Меланија Трамп испрати порака: „Слушнав дека ви недостигав“

Пентагон: Над 750 американски војници се ранети во операциите против Иран