Фајзер и Бионтек започнаа клиничко испитување на вакцината против сојот омикрон на коронавирусот. Студијата ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор, а во испитувањето се вклучени повеќе од 1.400 луѓе, пренесува Ројтерс.
„Иако постојните истражувања и податоци покажуваат дека засилувачките дози на вакцината продолжуваат да обезбедуваат високо ниво на заштита од тешка болест и хоспитализација, ја препознавме потребата од нова вакцина во случај оваа заштита да ослабне со текот на времето и потенцијално да помогне во решавањето на проблемот предизвикан од омикрон или можни нови соеви во иднина“, се вели во соопштението на високиот потпретседател на компанијата Фајзер и раководител на одделот за истражување и развој на вакцини.
Вакцината специјално направена против омикрон ќе се администрира во доза од 30 микрограми, исто како и сегашната вакцина.