Фајзер повлече лекови за висок крвен притисок затоа што содржеле соединенија кои предизвикуваат рак

Од:

Фајзер соопшти дека повлекува три од своите лекови за висок крвен притисок од пазарот – Accuretic и неговите две генерички верзии дистрибуирани од Greenstone.

Фајзер самостојно одлучил да ги повлече таблетите кои содржат повисоки нивоа на нитрозамини, соединенија кои можат да доведат до развој на рак. Но, компанијата во соопштението нагласи дека „не постои таков непосреден ризик за пациентите кои го земаат овој лек“.

– Нитрозамините најчесто се наоѓаат во водата и храната; во сувомеснатите и млечните производи и во зеленчукот. Секој е изложен на одредено ниво на нитрозамин. Овие нечистотии може да го зголемат ризикот од рак доколку некој е изложен на нив во големи количини во подолг временски период, соопшти фармацевтската компанија, пренесува Си-Ен-Ен.

Фајзер додаде дека досега нема извештаи за негативни ефекти по употребата на лековите за висок крвен притисок и оти овие производи имаат безбедносен профил кој се темели на повеќе од 20 години искуство.

Компанијата ги советува пациентите кои досега го земале нивниот лек да се консултираат со својот лекар за алтернативни третмани.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД