Фајзер почнува да ja тестира вакцина против Ковид-19 на бебиња

Од:

Фајзер најави дека наскоро ќе започне со тестирање на својата вакцина против Ковид-19 на бебиња.

Фармацевтската компанија, заедно со својот германски партнер, креаторите на првата вакцина против Ковид-19, ќе тестираат 4.500 деца волонтери на повеќе од 90 локации во САД, Финска, Полска и Шпанија.

Децата на возраст од 5 до 11 години ќе добијат две дози од по 10 микрограми, што е приближно една третина од дозата што се користи за тинејџери и возрасни. Некои ќе добијат плацебо инјекции.

Тестирањата за шестмесечни бебиња ќе започнат за неколку недели и тие ќе добијат доза од 3 микрограми.

До септември може да се очекуваат резултатите за деца од 5-11 година, додека за помладите подоцна.

Би можело да ве интересира

Вакцините „Фајзер“, донација од Бугарија пристигнаа во земјава

МЗ: Сите донирани вакцини од Бугарија ќе ги аплицираме пред истекување на рокот на употреба

А1он

ЕМА ги проценува податоците за третата доза на „Фајзер“, одлука за неколку недели

Катерина Павлова-Николовска

Бугарската Влада со предлог до Парламентот да го ратификува Договорот за донација на вакцини за Македонија

А1он

САД донираа 500.000 дози вакцини на Косово

Ана Ололовска

Заштитата од вакцината на Фајзер побрзо се намалува од онаа на Астра Зенека

А1он