Фајзер и Бионтек бараат дозвола за вакцинација на деца од 12 до 15 години

Од:

Фармацевтската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек соопштија дека побарале од Управата за храна и лекови на САД да ја прошират употребата на нивната вакцина против Ковид-19 на адолесценти на возраст од 12 до 15 години по итна постапка.

Вакцината во моментов е одобрена во САД за лица постари од 16 години, а компаниите објавија дека побарале продолжување на овластувањето од американската Администрација за храна и лекови за вклучување на помлада возрасна група.

Минатиот месец, компаниите објавија дека клиничкото испитување утврдило дека вакцината е безбедна, ефикасна и дава силни реакции на антитела кај деца на возраст од 12 до 15 години.

Директорката на американските Центри за контрола на болести, Росел Валенски, изјави дека очекува вакцината да биде одобрена за деца на возраст од 12 до 15 до средината на мај.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД